Пред вакциналниот пункт во Штип денеска е мирно, без турканици, за разлика од саботата кога пациентите не ги почитуваа термините и доаѓаа неколку часа порано, за да ја примат втората доза на кинеската „Синофрам“. Претпладнево редарите и претставниците на полицијата и на АРМ не воспоставуваа ред. Лекарот на вакциналниот пункт во салата „Јордан Мијалков“ –Штип, Иле Постолов вели дека без проблеми се одвива ревакцинацијата.
-Денеска имаме 1.500 пациенти за втора доза на „Синофарм“, а исто така и 100 пациенти кои ќе ја примат првата вакцина на „Фајзер“. Пациентите се закажани за вакцинирање преку „Мој термин“ и исклучиво тие пациенти ги вакцинираме, вели Постолов.
Забележува дека денеска работата на здравствените работници на пунктот е олеснета поради почитување на термините од страна на пациентите.