Хуманитарната агенција на Обединетите нации (OCHA) објави дека болницата Шира во Газа била преплавена од ранети пациенти откако во вторникот беше бомбардирана арапската болница во градот Ал Ахли. Во таа прилика загинаа најмалку 500 луѓе.
Како што е соопштено, лекарите биле принудени да ги оперираат ранетите на подот, главно без анестезија.
Понатаму се додава дека фрустрациите и тензиите растат меѓу раселените додека се борат за вода, храна и лекови.
– Засолништата одредени од ОН од кои повеќето се училишни згради – се преполни, а најранливи се децата, постарите лица, инвалидите и бремените жени – велат хуманитарните организации на ОН.
Од OCHA велат дека поголемиот дел од водоводната мрежа е исклучена и горивото не е достапно за напојување на системите за пумпање и филтрирање.
– Флашираната вода сега е недостапна за повеќето семејства – се наведува во соопштението.
Зборувајќи за здравството, хуманитарните агенции велат дека целиот систем е на работ на колапс.
Светската здравствена организација (СЗО) вели дека недостатокот на гориво значи дека медицинските тимови работат во темница и престанале да користат лифтови за да заштедат електрична енергија за одделенијата за итни случаи.
Според OCHA речиси 100.000 станбени единици се уништени или оштетени, а бројот на тела во распаѓање под срушените згради е „растечки хуманитарен и еколошки проблем“.