663
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека во епидемиолошките анкети има луѓе кои даваат погрешни адреси и не сакаат да ги примаат решенијата за самоизолација, со тоа што стануваат потенцијални кои го шират вирусот.
„Инспекторите секојдневно се соочуваат со проблеми со пациенти кои не сакаат да ги земаат решенијата за самоизолација. Едноставно инспекторите во Санитарниот инспекторат не можат да постигнат да ги доделат решенијата. Затоа повикавме помош и од правната служба на Собранието за да помогнат во делењето на решенијата – вели Филипче.