Деведесет пациенти на кои им е потребна биолошка терапија за колоректален, оваријален и цервикален карцином цел месец не можат да ја примат потребната терапија. Пациентите немаат примено терапија затоа што МЗ не распишало тендер за набавка на лековите, тврди опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Под ризик се и пациентите со рак на бели дробови, бубрег и дојка, за кои во наредните неколку месеци ќе се исцрпи потребната терапија. Министерството за здравство да не си игра со животите на луѓето и веднаш да распише оглас за набавка на сите потребни терапии. Дали власта сфаќа дека нивната неспособност убива луѓе? Неспособноста и во здравството е една од причините зошто мора да има избори. Народот не смее да пати и страда заради криминогеноста и неспособноста на СДСМ и нивните коалициони партнери, тврдат од опозицијата.