719
Шеесет и четиригодишен пациент од Скопје е на денешната листа на девет починати пациенти од Ковид 19, информираа од министерството за здравство.
Тој починал по заминување од Градската болница „8 септември“, откако претходно по барање на семејството бил испишан од болницата. Хоспитализиран бил на 17 јуни во тешка состојба како сомнителен на ковид, а потврден позитивен по приемот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5196, бројката на оздравени пациенти е 1974, на починати е 247 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2975.