Пациент од Неврохирургија скокнал низ прозорец

by Fokus

Шеесет и двегодишнен светиниколчанец скокнал низ прозорец од скопската Клиника за неврохирургија.

Според полицијата, тој бил пациент во клиниката и со тврди предмети, кои ги нашол во собата, фрлал кон пациентот С.В.(66) од с.Колари, кичевско.

Потоа, болничарот Н.Б.(23) влегол во собата со цел да ја смири ситуацијата, но Б.З. и кон него почнал да фрла предмети, по што го отворил прозорецот и скокнал, по што се здобил со тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Останатите двајца се здобиле со телесни повреди.

Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.

Поврзани новости