689
Полицијата, по добиена пријава, денеска спаси 64-годишен маж од водите на реката Вардар, на вливот на реката Лепенец, информираат од Министерството за внатрешни работи.
– Денеска во 12:45 часот по добиена пријава во СВР Скопје дека на вливот на реката Лепенец во реката Вардар има машко лице во водата, веднаш се преземени мерки и активности и лицето е извадено , односно спасено од водата од страна на полициски службеници од Полицисиката станица за општа надлежност Карпош, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Подоцна било утврдено дека станува збор за 64-годишен маж од Скопје, кој претходно самиот се фрлил во реката, а инаку е пациент на болницата во Бардовци.
Итната медицинска помош го пренесла пациентот во ГОБ „8-ми Септември“.