Пациент на возраст од 35 години е еден од петмината починати пациенти кои се регистрирани во денешниот извештај на Министерството за здравство за состојбата со вирусот во земјава. Младиот пациент заедно со шеесет и петгодишен пациент, и двајцата ос Скопје, починале во ГОБ „8 септември“.
Во Клиничката болница во Битола почина пациент од Ресен на возраст од 70 години. Во Клиничката болница во Тетово е починат пациент на 51 година. Вон болнички услови е починат пациент на 77 години од Скопје.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 21 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, осум деца позитивни и едно суспектно на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 пациенти, вкупно хоспитализирани се 91 пациент. На респираторна машина се шест пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 131 пациент – позитивни и сомнителни на Ковид-19.