708
Синоќа од модуларната болница во Штип избегал 75-годишен пациент, кој еден час подоцна бил пронајден мртов во близина на болницата.
Според информациите на ТВ 24, се утврдило дека станува збор за избеган ковид пациент, кој бил на кислородна поддршка.
Првичните резултати од обдукцијата говорат дека телото нема видливи траги на насилство и веројатно причина за смртта е белодробната пневмонија.