400
Пациентот Игор Пехчевски, болен од цистична фиброза, бара извинување од министерот за здравство, Фатмир Меџити, за изјавата дека правел шоу кога бараше лек „трикафта“.
-Го слушам и гледам министерот за здравство. Јас барам лек од кој животот ми зависи, а тој си дозволи како доктор и министер за здравство да каже за мене дека со барањето лек правам шоу во јавноста на телевизија. Барам од вас јавно извинување. И главното: Донесете го лекот трикафта сега и веднаш, а не за неколку месеци, како што кажувате во вашите изјави – вели Пехчевски за „Фокус“.