Русија нема да се откаже од своите нови територии под никакви услови, нема прашање за тоа, и важно е светот да го признае влегувањето на ДПР, ЛНР, Запорожје и Херсонската област и Крим во Русија, изјави постојаниот член на Советот за безбедност на Русија и помошникот на претседателот на Русија – Николај Патрушев во интервју за „Комсомолскаја Правда“.
– За тоа не се ни дискутира. Териториите кои некогаш беа управувани од Киев станаа дел од Русија врз основа на изразување на волјата на граѓаните во согласност со меѓународното право, законите на Руската Федерација и законодавството на овие региони – рече Патрушев.
Тој нагласи дека руската политика во однос на Украина останува непроменета.
Зборувајќи за ситуацијата во Украина, Патрушев рече дека Москва не ја исклучува можноста Украина да престане да постои во 2025 година.
– Она што е особено загрижувачко е дека насилното наметнување на неонацистичката идеологија и раширената русофобија ги уништуваат некогаш просперитетните градови во Украина, вклучувајќи ги Харков, Одеса, Миколаев и Дњепропетровск. Можно е Украина да престане да постои во следната година – нагласи Патрушев.
Тој истакна дека Украина е апсолутен приоритет на американската администрација во заминување, но дека тоа нема да биде за Доналд Трамп.
Како што наведе, односот меѓу новоизбраниот американски претседател Трамп и Бајден е антагонистички.
„Затоа Украина нема да биде меѓу приоритетите на Трамп. Тој е повеќе загрижен за Кина“, рече Патрушев.