Патот на Украина кон НАТО нема среќен крај – Медведев предупредува на можните сценарија

by Fokus

Патот на Украина кон НАТО може да заврши со исчезнување на таа земја или на Алијансата, оценува заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија – Дмитриј Медведев, повикувајќи се на декларацијата од самитот на НАТО во Вашингтон, во која се наведува дека Алијансата е посветена на поддршка на Украина во нејзиното членство во овој воен сојуз.

Украина поднесе барање за забрзан влез во НАТО на 30 септември 2022 година.

- Advertisements -

На 15 јуни 2023 година, членовите на Европскиот парламент усвоија резолуција со која го повикуваат НАТО да ја покани Украина да стане членка на Алијансата.

Поврзани новости