Патниците во автобусот што се преврте кај Лесковац главно биле млади луѓе кои патувале на работа во Виена

by Fokus

Млад битолчанец кој беше еден од патниците во струшкиот автобус кој се преврте на автопатот во Србија, во изјава за медиумите истакна дека во автобусот главно биле млади луѓе кои патувале на работа во Виена.

Тој, исто така раскажа дека никој не знае како дошло до несреќата, бидејќи речиси сите патници спиеле.

Не се знае кој прв известил за трагедијата, но медицинска екипа пристигнала набрзо на местото на несреќата и почнале да пружаат помош на повредените патници во автобусот.

Маж и две жени се тројцата загинати во тешката сообраќајна несреќа што се случи ноќеска околу 1.40 часот, кога на влезот во Лесковац, Србија се преврте македонски автобус.

ФОТО: РТС

Поврзани новости