Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го посети местото на несреќата на спортскиот авион „Цесна 182“, во која едно лице загина, а три се повредени и соопшти дека сите патници се хрватски државјани.
-За жал, едно лице почина, а на другите им е укажана помош, рече премиерот.
Сите повредени лица се згрижени и, според првичните информации, не се во животна опасност.
На местото на несреќата пристигнаа и претставници на агенцијата за истрага на несреќи во воздухопловниот, железничкиот и поморскиот сообраќај, кои ќе подготват извештај за причините за уривањето на малото летало.
Окружниот центар 112 пријавил дека во 15 часот и 47 минути добиле пријава за пад на авион „цесна 182“ со унгарски регистерски таблички и пет лица во него.
Двајца од полесно повредените се пренесени во болницата во Виноград, а сопатникот со повреди на главата е пренесен во друга клиника.
За лоцирање на соборениот авион на службите им беа потребни час и половина, а Марин Лукас, шеф на станицата ХГСС во Загреб, за медиумите изјави дека се работи за пад на авион што се користел за транспорт на падобранци.