Полициски службеници затекнале 19 лица со лажен пцр-тест кои се упатиле од Македонија кон Германија и за истите ќе следат соодветни пријави.
„Денеска (09.10.2021) од страна на полициски службеници од СВР Куманово-Одделение за криминалистичка полиција-Отсек за економски криминалитет, извршена е контрола на автобус на туристичка агенција кој патува на релација од Република Северна Македонија кон С.Р.Германија, при што од вкупно 50 патници кои се превезувале, кај 19 од нив откриени се 19 фалсификувани ПЦР тестови. По извршени проверки на тестовите било констатирано дека станува збор за фалсификувани тестови, кои биле набавени од едно лице од Струмица, по цена од 1.000 денари по тест. По комплетно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од МВР.