Патникот од Германија е негативен на корона вирусот, негативни се и останатите осум тестирани лица

by fokus

Патникот кој денеска со авион пристигна од Германија и беше тестиран е негативен на корона вирусот, соопшти вечерва министерот за здравство, Венко Филипче.
Патниците кои седеле во негова близина во авионот, а кои беа задржани во изолација на аеродромот во Скопје, се пуштени дома со препораки за задолжително придржување кон мерките и препораките, кои важат за сите патници кои пристигнуваат во земјата.

Во текот на денов, согласно одлуката на Владата, од два патнички авиони на скопскиот аеродром пристигнати од ризични земји беа вратени вкупно 26 странски државјани.

Во меѓувреме попладнево, на корона вирус се тестирани уште 8 пациенти меѓу кои и една медицинска сестра со индикации на болест од Клиниката за инфективни болести и фебрилни сосојби. Сите тестови се негативни на вирусот.

Четворицата пациенти од Дебар позитивни на вирусот, се уште се во Дебар во стабилна состојба и утре ќе бидат донесени во Скопје и хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Поврзани новости