Мексиканските власти и авиокомпанијата „Воларис“ објавија дека 31-годишен маж е уапсен во неделата наутро за наводен обид да киднапира комерцијален лет во Мексико и да го пренасочи авионот кон САД.
По полетувањето од Леон до Тихуана, Мексиканецот, идентификуван од властите само како Марио Н, ја нападнал стјуардесата и се обидел да влезе во пилотската кабина, пренесува ABC News.
#PorSiTeLoPerdiste
Aún hay héroes en México.#JesusTorres detuvo a un presunto secuestrador de un vuelo de #Volaris a Tijuana. 👇🏻pic.twitter.com/XNGOXhRStk— Accion Civil Mexicana (@AccionCivilMX) December 9, 2024
Авионот бил пренасочен кон Гвадалахара, каде слетал и каде киднаперот потоа бил уапсен од мексиканската национална гарда.
Точниот мотив останува нејасен, но федералниот оддел за безбедност на Мексико објави дека персоналот на авиокомпанијата рекол дека човекот тврди дека близок роднина бил киднапиран и дека добил смртни закани доколку отпатува во Тихуана непосредно пред поаѓањето.
Уапсениот маж патувал со сопругата и двете деца, соопштија мексиканските власти, додавајќи дека по апсењето на осомничениот во Гвадалахара, авионот продолжил со редовниот лет за Тихуана.