76
Во тек е акција за спасување на патник кој под неразјаснети околности паднал од траект во Грција, поточно југоисточно од грчкиот остров Хидра.
Операцијата на крајбрежната стража е
фокусирана на област на околу 30 километри југоисточно од островот, објави Еуроњуз.
Еден од патниците на траектот „Кисамос“ кој патувал од Ханија на Крит кон Пиреја ги алармирал властите.
Два брода на крајбрежната стража, еден хеликоптер на морнарицата, еден хеликоптер на крајбрежната стража и пет пловни објекти се вклучени во потрагата, која ја координира Заедничкиот оперативен центар за пребарување и спасување.