Патник од Јужна Африка го донесе омикрон во Грција

by Fokus

Грк што дошол од Јужна Африка е првиот потврден случај на сојот омикрон во Грција, соопшти министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, првиот случај во земјата е на островот Крит.

Покрај растечкиот број на заразени лица во повеќето региони на ЕУ и можната опасност од новиот сој на коронавирусот, границите во рамки на Унијата треба да останат отворени за патници кои се вакцинирани, тестирани или свежо прележани, односно имаат сертификат, потврдија од Брисел.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека затворањето на границите поради омикрон е форма на апартхејд кон Африка.

Според него, „Африка нема доволно вакцини за своето население и ги нема потребните финансиски ресурси за закрепнување на економијата.

Поврзани новости