489
Австриските цариници открија околу 90 влекачи внимателно скриени во багажот на патник од Етиопија, соопштија денеска австриските власти.
Вкупната вредност на тие животни на пазарот е околу 47.000 евра
Австриското Министерство за финансии соопшти дека животните биле запленети на 23 мај и дека цариниците биле „згрозени“ кога ги пронашле влекачите.
„Некои од згрчените животни веќе покажуваа знаци на дехидрација, но сите добро се опоравија“, додаде Министерството, кое ги објави фотографиите.
Животните веднаш биле испратени на лекување во зоолошката градина во Виена.
Спасени се вкупно 85 гекони од различни видови, две змии и две скорпии.