Австралиските здравствени власти денеска тестираа еден патник на крузерот закотвен во Сиднеј поради респираторно заболување, што ги исплаши другите патници поради можноста од појава на коронавирус на бродот.
Владата на Нов Јужен Велс соопшти дека здравствените работници, откако брод на норвешката компанија „Норвежиан Џевел“ се закотви во пристаништето, презеде рутинска проверка на патниците.
Бродот крстарел околу Нов Зеланд.
„Извршени се три рутински медицински трансфери, од кои ниту еден не е поврзан со респираторни заболувања. Едно лице било тестирано на бродот поради респираторни заболувања и резултатите се очекуваат во попладневните часови“, соопштија од Министерството за здравство.
Никој од патниците не престојувал во Кина претходните 14 дена, а компанијата соопшти дека по закотвувањето бродот е темелно исчистен и дезинфициран.