447
Патничкиот воз кој од Скопје вчера попладне тргнал во 14.30 часот во Битола пристигна синоќа 30 минути по полноќ. Патувал цели 10 часа бидејќи бил запрен на железничката станица во Богомила.
Причина за таквата ситуација била локомотива на товарен воз која била расипана, па пругата кај селото Слепче била блокирана. Истата била отстранета во 21.50 часот и патувањето на возот продолжило.