310
Патничкиот авион на „Ер Франс КЛМ“, кој летал од Осака, Јапонија за Париз, денеска се вратил на аеродромот на полетување, откако радарот за временска прогноза и брзиномерите се расипале за време на летот над Тихиот Океан, јави агенцијата Кјодо.
Ниту еден од 324-те патници и членови на екипажот не е повреден, но предниот раб на авионот е оштетен и се истражува причината, соопшти агенцијата, повикувајќи се на канцеларијата на Министерството за транспорт на меѓународниот аеродром Кансаи, пренесе новинската агенција „Срна“
Авионот Ербас А350 полетал од аеродромот Кансаи во 11:15 часот по локално време, а се вратил и безбедно слетал на истиот аеродром во 14:25 часот.