760
Резултатите од патничката која попладнево слетала од Милано и која беше тестирана на коронавирус се негативни, информираа од Министерството за здравство.
-Резултатите на пациентката која вечерва беше тестирана на коронавирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни. Ја следиме ситуацијата, постапуваме согласно протоколите на СЗО и продолжуваме редовно да ја информираме јавноста, велат од Министерството.