320
Авион на Визер од Тел Авив за Лондон во понеделникот принудно слетал во Белград поради непослушен патник, јавувуваат српските медиуми.
Според информациите непослушниот патник се скарал со екипажот на авионот, а потоа се обидел да ја отвори вратата од авионот во лет. Причината за инцидентот не е соопштена.
Другите патници, според израелските медиуми морале да преноќат во Белград и да чекаат нов лет за Велика Британија.
Од компанијата потврдуваат дека авионот што летал од Тел Авив за Лондон морал да слета во Белград поради проблем со еден од патниците, стои во соопштението на Визер.