Патиките што некогаш ги носеше кошаркарската легенда Мајкл Џордан се продадени на аукција за 2,2 милиони долари, што ги прави најскапиот пар спортски чевли досега.
Потпишаните патики, за кои Sotheby’s проценува дека ќе достигнат цена од 2 до 4 милиони долари, се меѓу најскапите предмети од Џордан кои некогаш биле ставени на аукција.
Дресот што го носеше во финалето на НБА во 1998 година беше продаден во 2022 година за 10,1 милиони долари.
Последната продажба ја запечати позицијата на Џордан како спортист чии лични работи се највредни на аукцијата, односно оние што се продаваат за најмногу пари.
Претходниот рекорд го држеа пар патики Џордан кои беа продадени за 1,47 милиони долари, на аукција во 2021 година.
Моделот на патики Ер Џордан 13с кошаркарот ги носеше за време на неговата последна шампионска сезона со Чикаго Булс во 1997-1998 година.
Џордан, еден од најдобрите кошаркари во историјата на спортот, носел обувки број 47 кога постигна 37 поени во натпреварот 2 од финалето на НБА во 1998 година, водејќи ги Булс до победа над Јута Џез.
Веднаш по победата, Џордан му ги дал патиките на едно момче кое собирало топки во соблекувалната, како благодарност што ја пронашол неговата јакна за која мислел дека ја изгубил, пишува Sotheby’s.