1.2K
По сите истражувања и проучувања што ги вршев годиниве, слободно можам да кажам дека знам каде е гробот на Александар Македонски, ама во овие моменти мојот интелектуален капацитет е насочен кон пишување на еден роман за нашинец во Париз“, вели за порталот СДК археологот Паско Кузман, кој е познат по својата изјава дека нема да замине од овој свет сè додека не го открие гробот на еден од најголемите војсководци во историјата на човештовото.
Според негови сознанија, за кои не ветува дека се апсолутно прецизни, местото на погребувањето на Александар Велики е кај археолошкиот локалитет Исар во валандовското село Марвинци.
„Според моите сознанија, гробот на Алекснадар Македонски се наоѓа кај Исар во селото Марвинци на старите пајонски гробишта. На овој простор има над 10 илјади гробови. Многу од нив не се истражени. Јас кога бев во Управата за зашитата на културното наследство работевме токму на овој терен и отворивме голем број гробови. Поширокиот простор на Исар Марвинци крие голема историја од 9 век пред н. е. па сѐ до 6 век од н. е ”, вели Кузман.