684
Паско Кузман и уште петмина обвинети ќе одлежат затворски казни за трговија со артефакти и злоупотреба на работни позиции, пренесува телевизија Телма. Кузман е осуден на 3 години затвор затоа што издал согласност на физички лица за изведување земјени работи на две локации со цел проверка на наводите за постоење културно–историско наследство.
Првообвинетиот, поранешниот раководител на Одделението за превенција во Управата за заштита на културно наследство, Бојчевски, кој беше најгласен во текот на постапката, беше осуден на затворска казна од седум и пол години за делата: злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба, тешка кражба и прикривање.