На прошетката по повод Европрајд поворката се приклучи и партнерката на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.
Пред почетокот на парадата Министерството за внатрешни работи на Србија одобрило нејзино одржување.
Поворката почна околу 17 часот, а пред Уставниот суд каде е планиран почеток, почнале да се собираат луѓе. Приврзаниците на Европрајд пристигнуваат во центарот на градот, а повеќето носат чадори со боите на виножитото.
Партнерката на Брнабиќ елегантно облечена и насмеана се приклучи на учесниците, иако Брнабиќ нема да учествува на парадата бидејќи во тој период ќе се залага сите да бидат безбедни.
Европската асоцијација на гордоста (European Pride Organisers Association – EPOA) денеска соопшти дека по неколкунеделен интензивен меѓународен притисок, одлучено е „Европрајд 2022“ да се одржи во Србија.
Претседателката на ЕПОА, Кристин Гарина ја поздрави изјавата на премиерката Ана Брнабиќ за одржувањето на маршот во Белград.
Десетици дипломати, членови на Европскиот парламент, европски и меѓународни лидери ќе им се придружат на активистите на маршот кон Парламентот, соопшти ЕПОА.