269
Tренерот на ФК Партизан кој беше повреден од навивачите по вчерашниот дебакл против Црвена Звезда (0:4) поднел оставка, пренесува српски „Телеграф“.
Според информациите, оваа одлука Станојевиќ им ја соопштил на управата на клубот, која пак денеска ќе одлучува за неговата иднина.
Одлуката на Станојевиќ доаѓа по поразот во 174. „вечно дерби“ и скандирањето на навивачите против него.
Станојевиќ трет пат во кариерата го презема Партизан, и тоа пред само четири месеци, меѓутоа тимот со него на кормилото беше елиминиран од сите европски натпреварувања и слабо ја започна сезоната во српската Суперлигата.