Партиските тела на ВМРО ќе заседаваат за референдумот и можноста за нови избори

by Фокус

Oпозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да оддржи седница на Извршниот комитет, а утре ќе оддржи и седница на партискиот Централен комитет, во врска со актуелната политичка ситуација по оддржувањето на референдумот.

Од ДПМНЕ веќе најавија дека нема да преговараат со власта околу обезбедување двотретинско мнозинство во парламентот за уставните измени.

Од владејачкиот СДСМ, пак, истакнаа дека доколку не успејат да обезбедат двотретинско мнозинство ќе иницираат нови предвремени парламентарни избори.

Опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски, рече дека пред да се оддржат избори, потребно е да се формира техничка влада и анкетна комисија за референдумот, како и да се избере јавен обвинител на предлог на опозицијата.

Поврзани новости