Во согласност со принципите и програмските определби, Партијата за движење на Турците (ТХП) има јасни цели и црвени линии за евентуално политичко коалицирање за следните избори, а тоа се заложбата за брза интеграција во Европската унија, соодветна политичка претставеност на турската зедница, како и преземање на следни чекори за зголемување на довербата на правосудниот систем.
„Полноправното членство во ЕУ е повеќедецениска стратешка определба, а мултиетничкиот и мултикултурниот карактер на нашето општество се носечките столбови на нашата земја и за вакви суштински теми има потреба од консензуален пристап“, велат од партијата.
Извршниот одбор го овластила претседателот на партијата, Енес Ибрахим кој е пратеник во актуелниот состав во Собранието да ги води преговорите за идно коалицирање на партијата.