Социјалдемократската унија донела одлука да излезе од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Одлуката била иницирана од општинските организации на партијата, а била потврдена од нејзиното претседателство.
„Сакаме да им се заблагодариме за соработката на сите политички партии кои беа дел од коалицијата „За подобра Македонија“. Социјалдемократската унија останува активна на македонската политичка сцена и во иднина ќе продолжи да се залага за конструктивен политички дијалог во општеството и за обновување на довербата на граѓаните, за спроведување реформи од кои ќе имаат корист сите граѓани и со кои ќе се унапредат евро-атлантските аспирации, за реформи кои ќе ја засилат демократијата, градењето здрави меѓуетнички односи, политички дијалог помеѓу политичките чинители, како и решавање на клучните прашања што ни го попречуваат патот кон зачленување во НАТО и добивање датум за почнување преговори за членство во Европската Унија“ – се наведува во соопштението од оваа партија.