Партијата на Солза Грчева: Политиката на Заев доживеа бродолом!

by Fokus

Партијата каде претседател е некогашната пратеничка, Солза Грчева, „Глас за Македонија“, бара итна и неотповиклива оставка од премиерот Зоран Заев по првичните резултати од референдумот.

„Денес, македонскиот народ и останатите граѓани на Република Македонија, јасно покажаа дека неговата политика на бесконечни кршења на законите, доживеа вистински бродолом. Народот одлучно кажа дека е против преименување на Македонците и на Македонија. Обидот да создаде вештачка творба наречена Северна Македонија е неприфатлив за огромното мнозинство“, се вели во соопштението.

Поврзани новости