Партијата на пензионери, што ја предводи пратеникот Илија Николовски, денеска одржа редовно собрание на кое ја потврди определбата на претстојните парламентарни избори да учествува во коалицијата предводена од СДСМ.
„Програмата ги определува црвените нишки на нашата стратегија за планираните политичка цели и активности со понуда за заедничко реализирање во рамки на коалицијата. Содржински, Програмата се темели на императивот за консензус во кој „човекот е на прво место“, разработена во програмски прилози за политики на партијата за достоинствена старост и пензии, за подобро здравство и здравје, социјални политики за солидарно општество, за образованието и младите, животната средина, како и други сегменти кои се значајни за општествената заедница и државата“, се наведува во партиското соопштение.