Партијата на пензионери попладнево даде поддршка на ставот на претседателот Стево Пендаровски дека нема правна држава ако се гонат само криминалци од претходната власт.
-Со тоа што Пендаровски побара сите споменати во аферата да дадат самоиницијативно изјави пред органите на прогонот,тој покажа дека е претседател на сите граѓани. Неговата изјава ја оценуваме како коректна, државничка и неоптоварена со политички квалификации. Пендаровски испрати позитивна порака кон меѓународната заедница, во време кога очекуваме и официјално да станеме 30-та членка на НАТО и да ги започнеме пристапните преговори со ЕУ. Со тоа што се спротивстави на релативизирањето на големата афера, претседателот Пендаровски, застана на страната на целокупната јавност во земјата, која очекува брза разрешница, неселективна правда, еднаков аршин за сите инволвирани, без разлика на нивната партиска определба и позоиционираност во општеството, се вели во соопштението на Партијата на пензионери.
Тие додаваат дека го поддржуваат и залагањето на претседателот Пендаровски, на наредните парламентарни избори да се гласа по нова регулатива, со една изборна единица и отворени листи.