Реформите во високото образование, односно воведување на државниот испит мора да бидат резултат на продлабочени анализи, јавна и аргументирана дебата, вклучување во градењето на конкретните решенија на науката како и сите заинтересирани субјекти, експертската јавност, политичките партии, невладиниот сектор и медиумите, смета владејачкиот Демократски сојуз на Павле Трајанов.
„Во услови на крајно спротивставени ставови околу воведувањето на државен испит за студентите, дебатата треба да се одвива со висок степен на одговорност и взаемно уважување на аргументите и градење на компромис, кој ќе биде во функција на подобрување на квалитетот на образованието и целосно зачувување на автономијата на универзитетите. Реформите во оваа област мора да ги имаат во предвид аргументите на професорите и студентите“, соопшти партијата.