Партијата на Македонците во Србија (СМС) се уште нема донесено одлука дали ќе учествува на претстојните избори во Србија поради новите измени на изборниот закон кои се донесени во Сорбија.
– Не сме согласни со ваква измена на избориот закон, донесена без јавна дебата и во скратена постапка, а може да има многу штетни последници. Очигледно дека е исполитизирана промената на изборнот закон и ќе влијае на нашата одлука за учество во изборите. Со ваква измена на законот постои можност да ни се негира решението за регистрација на партијата, донесено од министерството за државна управа како државен орган, каде што сме регистрирани како партија на национално малцинство со статут и програма кои не се изменети. Апсурд е на претходните избори да сме партија на малцинство, а на следните да не сме“, пишува Горан Илиевски, од Партијата на Македонците во Србија.
Парламентарните и локални избори во Србија се закажани за 26 април.