Партијата Единствена Македонија преку соопштение го изрази задоволството од успешно завршената прва школа за обука на кадри за потребите на, како што велат, новата легална власт на партијата.
„Тридневната теоретска и практична обука под менторство на професорот Леонид Савин од Русија беше спроведена за 50 посетители утврдени според строги критериуми, согласно со задачите што ќе произлезат од новата власт на Единствена Македонија“, се наведува во партиското соопштение.
Од таму додаваат дека Република Македонија е држава во која се оди на полошо.