Од партијата „Единствена Македонија“ на Јанко Бачев, велат дека со вчерашното изгласување на Законот за употреба на јазиците, претседателот на Собранието, Талат Џафери, отворено повикал на војна. Според партијата Законот воведува јазична федерализација во државата.
„На вчерашната итна и вонредна седница Централниот комитет на „Единствена Македонија“ ја разгледал новонастаната состојба и донел заклучок дека, како што велат, „бројните привилегии што ги добија припадниците на терористичката ОНА како високи државни личности, ќе предизвикаат кај нив заборав на старите соништа за реализација на идејата за голема албанска држава, која опфаќа и територии на Република Македонијa“ – се наведува во партиското соопштение.
Од таму додаваат дека со вчерашното заигрување со огин од страна на Талат Џафери само ја олеснило работата во повторната пресметка со радикалните Албанци, бидејќи, Македонците се при крај со своето трпение од активностите на екс-припадниците на ОНА на антимакедонска основа, дотолку повеќе, овојпат нема да си имаат работа со политичките сценарија и предавничите македонски политичари од 2001, туку, овојпат ќе си имаат работа со македонскиот народ.
„Талат Џафери, кој, според документ на УБК е вмешан во масакрот на македонските бранители кај Вејце, вчера, на најдиректен начин го нападна уставниот поредок на Република Македонија, и оттука, своевидната објава на нова војна од Талат Џафери се става највисоко на агендата на Единствена Македонија и македонскиот народ – продолжува понатаму во соопштението.