538
Косовските опозициски партии на Рамуш Харединај, Кадри Вејсели и Фатмир Лимај до косовскиот парламент поднесоа предлог за разрешување на актуелниот министер за европски интеграции во владата на Албин Курти, Блерим Река, кој беше претседателски кандидат на изборите во Македонија.
Тие го темелат барањето врз основа на изјавата на министерот Река, кој во контекст на решение за спорот со Србија, предложил на Србија да добие пристап до Јадранското Море преку транзитен коридор низ Косово.
За косовската опозиција ваквото однесување на Река е спротивно на уставот и на косовските закони.