439
На денешната седница на претседателството на Обединети за Македонија е донесена и одлука за подршка и целосно застанување зад претседателот Зоран Заев и раководството на СДСМ, да започне со објавувањето на документите што докажуваат криминал и корупција во највисокиот врв на власта, стои во соопштението на Обединети за Македонија.
Вистината за Македонија, е услов без кој не може нормално да живееме. Таа мора да се дознае и да ја вратиме слободата и демократијата“, се вели во соопштението на Обединети за Македонија.
Претходно и ЛДП и НСДП изразија безрезервна поддршка на Заев за обелоденување на материјалите кои, како што изјави Заев ќе ја откријат сета вистина за криминалот и корупцијата на партиите на власт.