Партијата Десна за претседателот Палевски и членовите:„Ако се докаже дека се виновни, најстрого да бидат казнети“

by Fokus

Од политичката партија Десна, чиј претседател е Љупчо Палевски – Палчо, осомничен за убиството на Вања и велешанецот Панче, изразија сочувство на семејствата за загубата на нивните најблиски.

Оттаму велат дека доколку се докаже дека се виновни нивните членови и претседателот на партијата, бараат да бидат најстрого казнети.

„ Во меѓувреме апелираме да се почитува уставно загарантираната Презумција на невиност на осомничените и обвинетите, додека не се докаже спротивното. Пред Обвинителството и органите на прогонот претстои тешка и деликатна задача во целост да ги разоткријат сите елементи на овие настани.

Заради тоа, ние членовите на партијата, им стоиме на располагање на органите на прогонот, со цел на расветлување на кривично правниот настан и изведување пред Судот на сторителите на овие грозоморни случаи.

П П Десна, согласно Статутот на партијата, ќе ги замрзне членството, функциите и активностите на обвинетите до крајот на процесот“ соопштија од партијата Десна.

Поврзани новости