Партиите се „судрија“ – од чии редови е осомничениот за убиството на ракометарот?

by fokus

Партиите викендов излегоа со меѓусебни обвинувања од чии редови е првоосомничениот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ отвори дилема, дали МВР му дале простор да избега затоа што е припадник на нарко-картел близок до министерот Спасовски од СДСМ?

-Како МВР во првичниот извештај утврди дека нема трагинна насилство врз младиот ракометар? Зошто дури два дена се даде да избегаат дел од сторителите на грозоморното убиство?

Дали се вистина информациите дека власта на СДСМ и ДУИ кријат лица припадници на еден нарко картел близок до Спасовски?, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

-Дали човекот по кој трага МВР е поддржувач и активист на ВМРО ДПМНЕ?

МВР постапува професионално и го расчистува случајот со убиството, за што јавноста е навремено информирана.

А ВМРО ДПМНЕ да не си ја ишка мувата од капата.

По одредени информации кои се појавија оваа партија треба да одговори дали човекот по кој трага МВР е активист и поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ?, реагираше СДСМ.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски вечерва рече дека не го познава осомничениот и вели дека од која партија и да е, треба да одговара.

-Ако згрешил некој, чива партија нека биде ќе си одговара. Дали бил на ВМРО, дали бил на некоја друга партија активист, овој човек не го познавам воопшто не ни сакам да го познавам, кој и да згрешил мора да одговара и тоа е систем и така треба да се водат институциите.

Но, СДСМ пробаа на некој друг начин да ја префрлат топката со разни соопштенија и тоа го прават за некоја нивна ПР победа. Вчера им се случува Генералниот секретар на Влада да заврши во затвор, па сакаат да го одвлечат вниманието, рече Мисајловски.

За убиството на ракометарот се осомничени три лица, првоосомничениот е во бегство, а другите двајца се во притвор.

Поврзани новости