476
Политичките партии до полноќ треба да ги достават финансиските извештаи за трошењето на парите во првите десет дена од изборната кампања, а финалните финански извештаи треба да ги достават во рок од три месеци по завршувањето на изборите.
Според членот 84б од Изборниот законик, организаторот на изборната кампања е должен единаесеттиот ден од денот на изборната кампања да поднесе финансиски извештај за приходите и за расходите на жиро-сметката за изборната кампања од денот на нејзиното отворање до крајот на десеттиот ден од изборната кампања.
Извештајот, исто така се доставува и до Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување на корупцијата.