998
По објавената реклама од луксузниот бренд Луј Витон којашто донесе наплив од лајкови, реакции и коментари во пресрет на Светското првенство во Катар, низ социјалните мрежи се шири фото-монтажа од бизнисменот Орце Камчев и екс-директорот на УБК Сашо Мијалков.
Додека во оригиналнта верзија се Лионел Меси од Аргентина и Кристијано Роналдо од Португалија, на македонската верзија позадината Луј Витон е искористена со актуелните актери од македонската политичка и бизнис сцена, со посебна симболика земајќи ги во предвид досегашните случувања.