697
Бендот „Парни ваљак“ официјално ја објави информацијата за музичарот кој ќе го замени легендарниот Аки Рахимовски.
„Игор Дрвенкар, четврток, 23.3. во 12:00 часот. Премиера на нашата нова песна на радио станиците низ регионот и видео на нашиот канал на Јутјуб“, објавија на нивната официјална страна и со тоа потврдија дека отсега ќе настапуваат со пејачот Игор Дрвенкар.
Игор пееше во различни бендови, а се обиде и во неколку мјузикли, меѓу кои „Jesus Christ Superstar“, „Resurrected“ и „Beauty and the Beast“.
Легендарниот музичар Рахимовски почина лани во јануари на 67-годишна возраст.