„Паркови и зеленило“ се пофалија дека му викнале пајак на свој вработен

by fokus

Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ одлучно пристапува кон решавање на проблемот со непрописно паркирање на зелени површини. Од таму се пофалија дека утринава му викнале пајак служба и на свој вработен.

„Утрово всушност, после реакција на посетител на паркот, ние викнавме пајак-служба и за наш вработен на пунктот Градски парк“, информираа од таму.

Од јавното претпријатие порачуваат: „Не се парковите за паркирање, туку за уживање!“

„Периодов започнавме со нова акција. Имено, доколку се паркирате на зелените површини кои ги одржуваме и бидете забележани од нашите екипи, знајте дека набрзо ќе пристигне пајак-служба. Не ни е важно на каква позиција сте, дали сте шеф, раководител или работник. Вие сте граѓанин кој ја загрозува животната средина.
Сите сакаме зелен град. Можеме сите и да придонесеме!“, посочуваат од таму.

Поврзани новости