Паркленд денес официјално го одбележа 5тиот роденден од своето постоење, по саботната ексклузивна вечер во новата градина на ресторанот Four и низа интерни настани и активности, во присуство на тимот на вработени, гости, пријатели и соработници.
5 години Парк Хотел и Спа, заедно со рестораните Four, Brick eat, Fitness & Spa Park центарот и Кетеринг услугите, 2 години од отварањето на Next door park хотел, под капата на Parkland Hospitality Group како едно семејство. Семејство кое од година во година созрева и станува се поголемо, благодарејќи на тимска работа, една визија која ја дели целиот тим и успешното заедничко чекорење низ сите искушенија. Семејство кое како што најавуваат сопствениците и менаџментот во блиска иднина ќе добие сосема нова зајакната корпоративна и структурна димензија, со цел уште повеќе да се зајакне квалитетот на работењето.
“Поминавме година на многу предизвици, изградивме многу нови мостови и темели, останавме доследни до тоа дека без континуирано надградување и инвестиции е невозможно да се одржи еден силен бренд и токму тоа и го направивме, затоа што нашите клиенти и гости го заслужуваат најдоброто. “-велат од менаџментот на Паркленд.
Она на што Паркленд посебно се осврнува со гордост е доследноста до мисијата за општествено одговорно работење. Пружена рака секогаш и секому кога тоа било потребно; на социјално загрозени категории, на најмладите, на заедницата…така ќе се продолжи и во иднина.
“За изминатава година не врзуваат и убави и неубави мигови. Горд сум на моето семејство и на целиот тим што заеднички го постигнавме ова што го имаме денес. Со единственост, сплотеност, заедничка визија, решителност и пасија успеавме да го подигнеме нивото и стандардите на работење на компанијата на едно светско ниво. Во следниот период ќе се посветиме на поставување на нова корпорациска структура и култура, за уште поголема обединетост и квалитет во работењето”-посочи Алтин Малиќи, еден од сопствениците на Паркленд.
Во ек на пандемијата и најголемите предизвици во изминатиов период, тимот на Паркленд интензивно работеше на поставување на “зелена” eco-friendly стратегија, издигнувајќи се како пример во заедницата за компанија која работи совесно и одговорно, која освен придобивки од безбедносен аспект во време на пандемија и дигитализирање на работењето, донесе низа придобивки благодарејќи на индивидуалната и колективна свест на нашите вработени, членови, гости и партнери.
Паркленд и во иднина ќе оди во чекор со потребите и побарувачките на гостите, со најава за нови амбициозни проекти за понатаму.