Паркирањето на автомобили по градските улици низ Гостивар од денеска доби уште една погодност со издавање билети со важност од седум, 14 или 30 денови, информираат од претпријатието за јавни паркиралишта и зеленило. Билетите важат за местата кои се определени и се покриени со зонско паркирање.
– Услугата ја воведовме пред сé за иселениците кои во овој период престојуваат во родниот крај. Тие имаа поплаки на условите за паркирање, особено заради тешкотиите при испраќање на смс пораки, затоа што најчесто користат мобилни телефони со броеви од странство. Освен ислениците оваа услуга ќе може да ја користат и постојаните жители на општина Гостивар, вели Беким Челебиу директорот на претпријатието.
Челебиу нагласи дека блокаторите на тркала за погрешно паркираните нема да се користат, а оние што ќе ги паркираат возилата без да платат за услугата, ќе се соочат со соодветни глоби.
За да бидат подостапни билетите до корисниците, во централното градско подрачје ќе има наплатни пунктови. Локациите и продавниците во кои ќе се продаваат биелти ќе имаат видливо истакната лепенка со назнака: Parking tickets
Локалната самоуправа апелира до сите граѓани да се придржуваат кон правилата за зонско паркирање, со што ќе избегнат несакани ситуации и ќе придонесат да се стави ред во паркирањето и во патниот сообраќај воопшто.